zerona-dr-ozЗерона е првата неинвазивна процедура за трансформација на телото, со цел ефективно отстранување на вишокот масти без негативни последици, како во случајот на хируршките методи. Зерона ласерот го намалува масното ткиво и го поместува на интерстицијално место. Иако оваа технологија беше првично употребувана за намалување на отоците од липосукција, се откри дека ладниот третман со ласер им помогнал на пациентите да намалат обемот на половината, колковите и на бутовите.

Технологијата со ладен ласер која стои зад Зерона процедурата, ги ослободува клеточните содржини во масните клетки, додека ги остава капиларите и другите клетки недопрени. Ослободувањето од содржината на масните клетки е резултат на нарушување на нивната клеточна мембрана, што се постигнува со ласерска стимулација на ниско ниво. Откако содржината на масната клетка ќе се испразни, таа се ослободува во организмот, од каде ќе биде исфрлена од телото при нормалните процеси на детоксификација.

Низ голем број тестирања и студии, се покажа дека Зерона процедурата е ефективна неинвазивна процедура за трансформација на телото. Просечно, при третмани со овој ласер се губат околу 10 сантиметри на половината, колковите и на бутовите.

z11

Зерона ласерот ви нуди алтернатива побезбедна од хируршките зафати, кои што може да резултираат со рани, отоци и со оштетување на други ткива. Нема потреба од носење завои по третманите, бидејќи нема болка или потреба за анестезија. За разлика од другите неинвазивни третмани, Зерона ласерите не се потпираат на затоплување на ткивото, што може да предизвика неудобност. Нема период на опоравување, што значи дека можете да продолжите веднаш со вашите секојдневни активности.

Илјадници пациенти во САД и низ многу земји во светот ја имаат пробано оваа процедура и се задоволни од резултатите. Замислете да го намалите конфекцискиот број од L во M, или пак од М во S, само преку 40 минутно релаксирање, неколку пати во текот на неделата.