Што е лимфна дренажа?

Лимфна дренажа е незаменлива терапевтска постапка за стимулирање на циркулација на лимфите, подобрување на венската циркулација и детоксикација на организмот. Таа исто така придонесува за подобра исхрана и регенерација на ткивата, отстранување на вишокот на течноста и зајакнување на имунолошкиот систем.

Што се постигнува со лимфната дренажа?

  • Ефикасна детоксикација на организмот
  • Подобрување на венската циркулација, особено кај проширените вени и проблемите со капиларите
  • Превенција и ублажување на хипостатичките отоци на нозететстранување на тегобите кај “уморните, тешки нозе”
  • Подобрување на исхраната и регенерација на ткивата
  • Превенција на појавата и отстранување на целулитот
  • Подобрување на целокупната состојба на имунолошкиот систем
  • Пресотерапија – апаратурна лимфна дренажа

limfna-drenaza-presoterapija2

Во современата естетска нега, покрај мануелната техника се повеќе и се поефективно се применува и апаратурната техника на лимфната дренажа, со користење на специјално дизајнирани апарати. Најчесто применуваниот облик на апаратурна лимфна дренажа во апликативната козметика е пресотерапија.

Принципот на работа на апаратот за пресотерапија се заснова на постоењето на затворен систем, најчесто во облик на продолжени панталони, кои се изработени од мек пластичен материјал, во чии ѕидови се наоѓаат манжентни кои во текот на апликацијата во ритмички интервали пумпаат и вршат притисок на кожата и ткивото под неа. При апликацијата на пресотерапијата манжетните се пумпаат сукцесивно, според утврден софтверски дефиниран и воден редослед, секогаш прво оние поставени и оддалечените делови на телото, па по ред центрипетално кон средиштето на телото, по патеката на венските и лимфните садови. Сегментното зголемување и намалување на притисокот од периферијата кон центарот предизвикува забрзана венска и лимфна дренажа.

Апаратот кој го користи нашиот Центар е еден од најмодерните од тој вид, производ на италијанската фирма С.И.Е., која е водечка во истражувањето и примената на новите технологии во естетската и спортскста медицина и козметологија.

limfna-drenaza-presoterapija