ПРЕВЕНТИВНА ANTI AGE НЕГА

Изворната метода на афродита козметиката вклучува моќен еликсир во форма на ампула кој го подобрува природниот одбрамбен систем на кожата од стареење и потикнува регенерација на нови клетки. превентивната anti- age нега се препорачува за кожа над 25години или за нега на кожа без тонус, како и за подршка на сите типови зрела кожа без изразени бори. се препорачува два пати месечно.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА КОЖАТА СО КОЛАГЕН

Третманот нуди интензивна влага и еластичност на кожата со долготраен ефект на измазнетост, оптегнатост и младешки изглед. специјалната collagen polymoist маска потикнува природно создавање на колаген во кожата, ги ублажува предвремените знаци на стареење и заштитува од губитоци на влага со додавање на мултиактивен флуид. се препорачува за сите типови кожа на која и недостига влага, а посебно за дехидрирана и уморна кожа без тонус. за воочливи резултати се препорачува пакет од 4 третмани во еден месец.

 

Tips-for-Glowing-skin

HYALURON – МИНИ ЛИФТИНГ БЕЗ ИГЛА

Револуционерната 100% природна патентирана хиалуронска киселина нуди интензивна и долготрајна влага во сите слоеви на кожата. клинички е докажано дека делува веднаш и дава видливи резултати: видливо ја зацврстува воспалената, сува и од стрес исцрпена кожа, ги измазнува борите со што го подобрува тонусот. сето ова на природен начин со долготрајни ефекти, им се препорачува на сите кои сакаат да го сочуваат младешкиот, здрав и свеж изглед на кожата.

 

MINI LIFTING НА ПРИРОДЕН НАЧИН

Инстант подмладување со специјален серум за моментален lifting ефект и lift маска. кожата е видливо оптегната и зацврстена, борите се измазнети, се намалуваат подочниците и отеченоста на капаците. тонусот на кожата значително се подобрува, а таа повторно заживува со младешка свежина. препорачани третмани за екстра видливи ефекти – 10 во тек на еден месец.