Убаво обликувани нозе и задник

Да имаш убаво обликувани нозе и задник, е желба на сите жени. Иако кај повеќето, природата не им дала долги нозе, сепак тоа не е причината жената да се откаже од гардероба што ги открива нозете. Со користење на нашите совети може да имате затегнати нозе и совршен задник, со кој секако ќе може да се гордеете.

Проблеми со задната ложа

Лошиот изглед на нозете и задникот е предизвикан од комбинација на масти и целулит, кои се наоѓаат во внатрешноста, на задниот дел на нозете, како и во областа околу задникот. Несоодветната исхрана со недоволна физичка активност, се главните причини за оваа ситуација.

Како да се реши проблемот?

За да се зајакнат нозете и да се добие посакуваниот облик потребно е да се промени начинот на исхрана. Исхраната треба да биде богата со овошје и зеленчук, да се намали внесот на сол и да се пие многу вода или незасладени билни чаеви. Слатките, грицки, брзата храна, газираните пијалаци, треба да бидат целосно елиминирани. Со промена на исхраната треба да започне и со физичка активност. Трчање, сквотови и вежби за задна ложа ќе помогнат да се намалат масните наслаги и да се добие посакуваната фигура.

Убаво обликувани нозе и задник 2

Како можат да ви помогнат нашите третмани?

Ако сакате да ги постигнете посакуваните резултати, со помош на нашите третмани може да стигнете до нив на многу полесен начин. Ефективните третмани ќе помогнат да се намалат мастите и целулитот, и дејствуваат во насока на зголемување на тонусот на кожата. Апаратите имаат посебно прилагодување во зависност од проблемот и областа каде што треба да се третира, а резултатите се видливи уште по првиот третман. Комбинацијата на ултразвук и радиофреквенција е одговорена за одличните резултати.

Како да ја третираме задната ложа?

Нашите апарати може да се користат за да се третираат сите делови од телото, задникот, бутовите, листовите, колената. Од вас зависи, кој дел ви е проблематичен и сакате да го решите.  Кога се третираат бутовите, посебно внимание се посветува на областа околу коленото каде се наталожени масти, на задната страна на бутовите каде што има целулит, како и на внатрешниот дел од бутот, што е многу тешко да се затегне со било каква вежба.

Убаво обликувани нозе и задник 1