Ослободете се од масните наслаги на ефективен начин 1

Масните наслаги се појавуваат во пределот на стомакот, бутовите, колковите и задникот, и претставуваат естетски, но и здравствен проблем. Исхраната богата со прости шеќери и нездрави масти, како и недостаток на физичка активност се главната причина за складирање на масти и предиспозиција за дебелината, која со себе носи ризик од многу здравствени проблеми.

Масните наслаги се акумулираат во текот на еден долг период

Современиот начин на живот со себе носи многу време поминато на работа, отсуство на можност за подготовка на здрави јадења, навика на брза храна, што носи многу калории и минимална хранлива вредност. Телото добива многу “празни” калории, што не ги троши, бидејќи не постои соодветна физичка активност, па така вишокот на јаглехидрати се конвертираат во масти. Така, постепено се градат повеќе масти и тоа доведува до дебелеење.

Потребна е силна волја и мотивација

Решението за отстранување на масти е токму во волјата и мотивацијата, но бидејќи месните наслаги не се наталожуваат преку ноќ, така и не можат да се отстраната целосно толку брзо. Борбата да се намалат мастите е тешка и долготрајна, па затоа силната волја и мотивација се многу важни, и се првиот и најважен чекор за решавање на проблемот.

Ослободете се од масните наслаги на ефективен начин 2

Корекција на исхрана

Иако е тешко да се ускладат оброците и сите дневни активности, обидете се да се усогласите со  основните препораки. Појадок е задолжителен, и не го прескокнувајте дури и кога не се чувствуваат гладни. Овошје за ужина секако. А, брз и здрав ручек на работа може да се стек од скара и салата која сте ја купиле или туна со зеленчук. Вечерата треба да биде богата со протеини и помалку јаглехидрати. Постепено намалување на благи работи, грицки на минимум, и пиење на многу течности.

Умерена физичка активност

Постепено воведување на физичка активност, започнете прво со пешачење, а потоа со брзо одење, подоцна трчање, пливање…

Ослободете се од масните наслаги на ефективен начин!

Резултатите се видливи веднаш!

Третманот е уникатен по тоа што резултатите се трајни и видливи веднаш по првиот третман. Она што ги прави поефикасни овие апарати е тоа што тие содржат апликатор за лимфна дренажа, кој се нанесува на крајот од третманот. Лимфната дренажа е многу ефикасен метод, која во овој случај служи за да се забрза циркулацијата на маса и под притисок на лимфниот систем се врши елиминација на акумулираните вишок течности и токсини.

Зерона ласерот може да помогне при елиминирањето на масните клетки. Тој ги намалува телесните масти и на тој начин се намалува обемот кој се мери во сантиметри.