релакс масажа

Релакс масажа / 40 мин

Комбинацијата од релаксирачка масажа и опуштање на телото, благотворно делува на намалување на болките, и стресот, и истовремено ја подобрува циркулацијата. Ви ја враќа назад позитивната енергија.

 

антицелулитна масажа2Антицелулитна масажа / 40 мин

Антицелулитната масажа има цел да ја израмни „портокаловата“ кожа на телото, која е проблем скоро на секоја жена.Таа е комбинација од движења како штипење, триење и гмечење на кожата. Со нејзина помош се подобруваат крвната и лимфната циркулација и целулитот се намалува или исчезнува за одреден период.

 

 

медицинска масажаМедицинска масажа / 60 мин

Медицинската масажа е позитивен, фасцинантен и идеален начин за ревитализација на целото тело.Ја изведува стручно едуцирано лице – физиотерапевт, со одлично познавање на анатомијата на мускулоскелетниот систем, циркулаторниот, лимфниот и нервниот систем. При тоа се користат различни техники на масажа кои се класифицираат на нежни, средни и силни.

 

спортска масажаСпортска масажа / 45 мин

Спортската масажа е специјално наменета за луѓе кои се вклучени во потешки физички активности. Таа се користи за санирање на повреди , како што се изместени зглобови и повреди во мускулите.Спортската масажа помага во опуштањето на затегнатите делови од мускулите и во подобрувањето на циркулацијата на крвта, еластичноста и флексибилноста на телото.

 

refleksoРефлексо терапија / 30 мин

Рефлексо терапијата конкретно е масажа на стапала и дланки – доведоува до длбоко релаксирање и помага при стабилизирањето на нервниот ситем. Тој позитивен бран се пренесува преку целото тело.

 

grb-novaТерапија на грб / 30 мин

Терапијата на грб користи различни техники на масажа со помош на кои се подобрува функцијата на мускулите на грбот, помага при појава на болки и напнатост, ја опушта мускулатурата и предизвикува состојба на релаксација и опуштање. Ја намалува анксиозноста, ја ублажува дерпесијата, го подобрува сонот и доведува до состојба на смиреност и релаксација.

 

vakuumska-masaza-grbВакуумска масажа на грб / 30 мин

Вакум масажата овозможува кожата и површинските мускули да се вовлечат во чашата. Вовлекувањето на кожата придонесува да се отворат порите на кожата, а со тоа се стимулира протокот на крв и лимфа.
Вакум масажата помага да се ослободите од мускулните болки исто така помага и при подобрување на физичката и психолошката благосостојба.