ЛУКСУЗНА НЕГА GOLD 24KA ЗЛАТО – ЛИЦЕ, ВРАТ, ДЕКОЛТЕ

Кога сакаме да уживаме во раскошот на златниот сјај, да ги ублажиме временските траги и да се чуствуваме единствена, раскошната anti age нега со чисто 24ка злато е одлична можност да го остварите посакуваниот сон. дозволете си ја незаборавната луксузна нега за подмладување, измазнување на борите, зацврстување и заштита од стареење. за видлив ефект препорачуваме мин 2 третмани месечно.

ROYAL GOLD 24KA & KAVIJAR – ЛИЦЕ, ВРАТ, ДЕКОЛТЕ

Gold & kavijar идеална комбинација за ревитализирање, измазнување и зацврастување кај стресна, уморна и зрела кожа. кавијарот ја активира микроциркулагијата и метаболизмот, ја потикнува регенерацијата и го штити одбрамбениот механизам, ја балансира влагата, го потикнува природното создавање на колаген. подарете му луксузен изглед на вашето лице со помош на ексклузивните препарати на овој третман.

WINE & CHAMPAGNE ТЕРАПИЈА ЗА ЛИЦЕ

Грозјето содржи се што и е потребно на вашата кожа. синергија на повеќе од 100 состојки меѓу кои витамини, минерали, полифеноли и овошни киселини кои ефективно се спротиставуваат на знаците на стареење со еднократниот ефект на измазнување на брчките. луксузот на peel off маската од грозје и шампањ ја релаксира, подмладува и ревитализира вашата кожа.

OXY ТЕРАПИЈА СО ИНТЕНЗИВЕН ANTI AGE ЕФЕКТ

Активниот молекуларен кислород се внесува во епидермисот и се обезбедува моќен anti-age ефект, опуштање и регенерација на кожата. позитивните енергетски влијанија на кислородот се изразени со непосредно измазнување на лицето, а истовремено се подобрува хидратацијата. терапијата се препорачува за сите типови кожа, посебно за дехидрирана и кожа без тонус. препорачан број на третмани за видлив ефект – 5 во тек на еден месец.