Секоја жена па и маж за нега на своето лице и тело бара место каде ќе добие врвна услуга, но и каде ќе се чувствува удобно и пријатно.

Приве Центарот за естетска козметологија го нуди токму тоа!

Совршен спој на пријатен интериер, професионална услуга и врвни козметички препарати сосема сигурно ќе ги задоволат потребите на сите клиенти.

12374769_1667938003424404_1305261024816800134_oПосетата на Центар за убавина не значи само третман за чистење лице, масажа или целулитен третман… туку преставува вистински ритуал во кој се овозможува врвно професионална нега и неповторливо чувство на удобност.

Во Приве Центарот ќе добиете бесплатна стручна консултација за анализа на кожата на Вашето лице или тело, голем избор на третмани за подмладување аnti-age нега, витализација, регенерација, решавање на одредени неправилности како хиперпигментација, купероза… па се до de-lux нега со злато.

Иновативни терапевтски методи за подмладување на Вашата кожа и преобликување на Вашето тело кое вклучува комбинација од врвна апаративна технологија употербувана исклучиво во медицинско-дерматолошки центри во светот, како и препаративна техника со висококвалитената професионална козметика Афродита.

Зoшто ПРИВЕ?

Затоа што Приве им го овозможува само најдоброто на своите клиенти!

Затоа што се определивме за третмани и апарати кои се резултат на најсовремените светски движења во естетската козметологија и кои преставуваат ефикасна и безбедна неинвазивна метода за ремоделирање и нега на лице и тело. Станува збор за врвна медицинска технологија која е сертифицирана во САД и ЕУ со чија стручна примена и соодветна комбинација се обезбедуваат одлични резултати во процесот на топење на масни наслаги, редукција на целулит, затегање и обликување на телото, детоксикација, подмладување.
Затоа што имаме индивидуален пристап и понудата на третманите ја формираме според специфичната потреба на клиентот. Персонализација врши терапевт-естетичар според потребите и желбите на клиентот.

Затоа што нема да дозволиме да Вашата посакувана фигура остане само Ваша желба! Не само што ќе изгледате млади, убави и здрави, туку и вистински ќе се чуствувате така! Затоа што гарантираме неповторливо чуство на удобност, релаксација и професионална нега!

На Ваше и наше задоволство, доверете ни го Вашиот изглед!

zerona