Исклучиво со медицинско-терапевски апарати, препорачани и употребувани единствено во дерматолошки центри

ДИЈАМАНТСКИ ПИЛИНГ – МЕДИЦИНСКА МИКРОДЕРМОАБРАЗИЈА

Постапка која користи дијаманти за едноставно одстранување на површинските мртви клетки и овозможува регенерација на колагенските влакна и обновување на клетките во епидермисот. дијамантскиот пилинг ги одстранува сите неправилности од кожата, како флеки, лузни од акни, пеги, зголемени пори, стрии.

 

РАДИЈАЛНА ЕНДОДЕРМНА ТЕРАПИЈА

Значително го подобрува текот на хранливи состојки и кислород, воедно ја зголемува еластичноста на кожата, ја поправа структурата на колагенски влакна, при што се подобрува општениот тонус и хидратацијата на кожата. терапијата делува на принцип на вакум и е посебно препорачлива за третирање на регии со масни наслаги и целулит. врши длабинска масажа на телото, имитира мануелна лимфна дренажа и значително ја подобрува циркулацијата. по терапијата кожата е мазна, цврста и затегната. исто така се користи како терапевски третман за намалување на вкочанетост и болки во грбот.

 

РАДИОФРЕКФЕНЦИЈА

Радиофрекфенцијата е клинички докажан метод за измазнување на кожата и спречување на процесот на стареење и појава на бори. радиофрекфентната технологија делува на принцип на акумулација на топлина во дермисот, што потикнува циркулација и го стимулира процесот на природно создавање на колаген. се препорачува да се пие поголемо количество на вода пред самиот третман, бидејќи ткивото со повеќе вода побрзо се загрева. дермисот се загрева на 42 ц и на таа температура доаѓа до коагулација на протеин, односно колаген и еластин. резултира со потикнување на метаболизмот, подобрување на тонусот и измазнување на кожата. технологијата се користи за подмладување на кожата на лицето, акни, тонификација, топење на масните наслаги и целулитот.

 

cryo-nova

CRYO ТЕРАПИЈА

Крио терапијата делува на принцип на ладење, ја подобрува циркулацијата, тонизацијата и помага за брзо согорување на масните наслаги. дермо естетски апарат за лице и тело, сигурен за сите типови кожа, пријатна и неинвазивна метода за согорување на масни наслаги и евидентно затегнување на кожата – lifting.

 

 

shutterstock_184826720

КРИОЛИПОЛИЗА

Иновативна, неинвазивна процедура за одстранување на масните наслаги од проблематичните површини на телото. заснована е на постапка на интензивно ладење на масното ткиво, наречено криолиполиза. оваа напредна технологија овозможува ладење на масните ќелии без никакви последици по кожата и другите ткива, а притоа ефикасно ги одстарнува мастите по пат на реапсорпција и природни метаболитички процеси во метаболизмот, што доведува до ефикасна редукција на масните наслаги на третираните површини. ова е клинички докажана процедура, одобрена од американскиот food and drug administration, и се смета за една од најделотворните методи за елиминација на масни наслаги. оваа постапка е посебно делотворна за локализирани масни наслаги на стомакот, внатрешната страна на бутовите, надлктиците, грбот и струкот. резултатите се видливи 3 недели по третманот. докажано е дека масните наслаги по еден треман се намалуваат за 22%.

 

limfna-drenaza-presoterapija2

ПРЕСОТЕРАПИЈА – ЛИМФНА ДРЕНАЖА

Незаменлива терапевтска постапка за стимулација на лимфата, подобрување на венската циркулација(кај проширени вени и проблеми со капилари) и детоксикација на организмот. допринесува за подобра исхрана и регенерација на ткивата. го отстранува вишокот на течности и го подобрува имунолошкиот систем. погодна е посебно за проблеми со отоци во нозете, задржување на течности и слаба циркулација која настанува како резултат на недоволна физичка активност и постојан стрес. суштината на оваа терапија не е мускулна масажа, туку специфична постапка која ја обновува ткивната течност во организмот и ја подобрува сеопштата здраствена состојба на клиентите.

 

oxy-terapija-za-lice-01

КИСЛОРОДНА МЕЗОТЕРАПИЈА

Старењето дефинитивно може да се успори! сите ние вдишуваме кислород преку воздухот, но во последните 15год заради значи- телната загаденост на воздухот, кислородот аларамантно се намалува..во приве нудиме oxygen концентратор, апарат преку кој во дермисот се внесува чист кислород со многу голема концентрација. оваа хит кислородна инфузија за лице и тело овозможува дла бинска ревитализација, интензивна хидратација, тонизација и изненадувачки лифтинг резултати. нахранете ја вашата кожа со чист молекуларен кислород и стопирајте ги знаците на умор и стареење. хит во светот се oxygen барови, каде наместо цигари и пијалок се купува и вдишува чист кислород!